Македонскиот шахист Евгениј Романов победник на турнирот во Бангкок
Денеска во Бангкок, Тајланд се одигра последното коло на 22 Бангкок Опен, информираат од Шаховската Федерација на Македонија.
Победник на овој реномиран турнир е ВМ Евгениј Романов кој скоро една година настапува под македонско знаме и на неколку пати успешно ја претставуваше Македонија на високо квалитетни меѓународни турнири.
ВМ Романов настапи и за македонската репрезентација на последната Шаховска Олимпијада во Будимпешта, Унгарија и е еден од најзаслужните за освоениот сребрен медал на ИМ Тони Лазов на втората табла.
Романов го освои првото место со осум поени пред второпласираниот Пауло Берсамина од од Тајланд (7,5).
Конечната табела по вкупно девет кола можете да ја погледнете на следниот линк ТУКА