Македонскиот боксер Рустемовски најдобар на „Гранд при“ турнирот во Загреб
Ален Рустемовски го освои златниот медал на меѓународниот бокс турнир „Гранд при“ во Загреб, Хрватска.
Македонскиот боксер Рустемовски во категоријата до 60 кг. успеа да оствари три победи.
Најпрвин го совлада Стефан Чамовиќ од Србија со 3:0, потоа и Хрватот Виде Пркачин (3:0).
Во финалето нашиот натпреварувач славеше со 3:0 против Бохдан Беида од Украина.