Македонски доктори несебично учествувале во лекувањето на настраданите од нападот во Магдебург
Горди со докторите д-р Златко Станковски и д-р Владимир Митевски, напишаа одговорните од македонската амбасада во Германија за работата на македонските доктори за време на трагедијата во германскиот град Магдебург.
„Златко е од Прилеп, а Владимир од Радовиш. Тие работат како специјалисти за интерна медицина и интензивна нега во болницата во Магдебург. Синоќа го дадоа својот придонес во спасувањето и лекувањето на погодените од трагедијата во Магдебург. Горди со нашата дијаспора“, постираа на фејсбук од македонската амбасада во Германија.