Македонија

Македонски активисти израдуваа со новогодишни пакетчиња дел од Македончињата во Општина Пустец

Македонските активисти, Едмонд Темелко, претседател на друштвото „Преспа“ и Елена Симонофски, претседателка на здружението „ВМРО-ДПМНЕ Албанија“, продолжуваат со распределба на новогодишни пакетчиња за Македончињата во Албанија, со цел, како што велат „да внесеме радост и насмевки кај најмладите Македончиња за време на празниците“.

Тие денеска, радост и насмевки им донесоа на дечињата од селата Туминец и Горна Горица, Општина Пустец.

„Денеска ги посетивме Туминец и Горна Горица, каде со многу љубов им поделивме пакетчиња на децата и календари со знакот на ВМРО-ДПМНЕ Албанија. Насмеани лица, топли прегратки и извикување ‘Среќна Нова година!’– тоа е нашата сила“, напиша Темелко на Фејсбук.

Преспа, посочува, „заслужува повеќе и токму со љубов, посветеност и конкретни дела, ќе продолжиме да го градиме тоа ‘повеќе’ “.

Македонските активисти вчера престојуваа во областа Голо Брдо, каде на децата од неколку села им подарија новогодишни пакетчиња.

„На радоста на децата ѝ немаше крај, а нивната насмевка за нас беше најголемиот поттик да продолжиме со вакви и слични активности, со кои Македонците во оваа област ќе почувствуваат дека не се заборавени“, рече за МИА, Темелко, по посетата на Голо Брдо.

Најави дека продолжуваат со ова активност, а вечерва, во организација на „ВМРО-ДПМНЕ Албанија“, во Корча за првпат се организира македонска вечер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons