Македонската таеквондистка Милијана Рељиќ освои нов медал во Инсбрук
Нов успех на таеквондо сцената оствари Милијана Рељиќ откако освои нов медал на престижниот меѓународен турнир во Инсбрук, Австрија.
Македонската таеквондистка со новите освоени поени е чекор поблиску до Летните олимписки игри во Лос Анџелес 2028 година.
Нејзиниот тренер Александар Ефтимов вели дека ова е радост и гордост за целиот клуб.
– Како нејзин тренер сведочам за нејзината истрајност, посветеност и дисциплина. Секој тренинг, секоја борба, секој пад и секое станување се дел од патот што води до Олимписките игри 2028 година во Лос Анџелес. По ова продолжуваме со истата страст и поголема мотивација – се зборовите на Ефтимов.