Македонската судијка, Ива Пројковска ќе суди на Европско првенство
Најдобрата македонска фудбалска судијка, Ива Пројковска ќе биде дел од престојното женско Европско првенство кое ќе се игра во Англија.
Ива Пројковка доби големо признание од УЕФА, таа е меѓу судијките кои ќе ја делат правдата на Европското првенство за жени кое се игра во Англија од 6 до 31 јули.