Македонската репрезентација напредуваше на најновата ФИФА ранг-листа
Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија бележи прогрес од две позиции на рејтингот на ФИФА. На септемвриската ранг-листа објавена денес „Црвено-жолтите“ се најдоа на 66. место со 1.362,95 бода.
Напредокот од 68 на 66-та позиција се должи на победата над Малта и нерешениот исход со Италија во септемвриските квалификации.
Од противниците на Македонија во Ц-групата од еуро-квалификациите, најдобро котира Англија – 4. место, Италија е 9-та, Украина се најде на 24.место, додека Малта е 171-ва.
Во ТОП 10 последователно се: Аргентина, Франција, Бразил, Англија, Белгија, Хрватска, Холандија, Португалија, Италија и Шпанија.