Македонската амбасада во Киев погодена со руска ракета, нема повредени
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во денешното соопштение соопшти дека македонската амбасада во Киев е погодена со ракета и е причинета поголема материјална штета.
„Воедно, информираме дека при нападот е погодена и критичната инфраструктура во Голосеевскиот реон, вклучително и зградата каде што се сместени шест амбасади, меѓу кои и Амбасадата на Република Северна Македонија.
При нападот нема повредени меѓу дипломатскиот персонал, но е причинета материјална штета на Амбасадата. Од страна на надлежните служби извршен е првичен преглед на штетите на лице место и веќе се работи на нивно санирање“, се вели во соопштението.