Спорт

Македонска одбојкарска легенда доби подарок од претседателот на Реал Мадрид

Еден од најдобрите македонски одбојкари во историјата, Владимир Богоевски, минатиот викенд беше специјален гостин на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.

Богоевски беше гостин за време на фудбалскиот натпревар меѓу Реал Мадрид и Валенсија.

Македонската легенда доби подарок дрес со своето име, а Богоевски на Перез му подари уметничка презентација на Камениот мост во Скопје.

Владимир Богоевски како одбојкар настапуваше за Реал Мадрид од 1981 до 1983 година, каде што замина директно од Вардар каде мина една деценија.

Тој до пред неколку дена ја извршуваше функцијата спортски директор на МОК, а во иднина ќе биде советник за спорт на првиот повек на македонскиот олимпизам, Даниел Димевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons