Спорт

Македонија ќе биде домаќин на пет репрезентации на турнирот во Дејвис купот 

Од вторник до сабота на терените на ТК Југ во Градски парк во Скопје ќе се одржуваат мечеви од Третата Европска група на Дејвис купот. Тоа значи дека Македонија е домаќин, а противници се селекциите на: Ерменија, Летонија (Латвија), Малта, Молдавија и Црна Гора. Три од репрезентациите учеснички (Летонија, Молдавија и Црна Гора) во Скопје оваа година веќе имаа мечеви во рамки на Втората Светска група, но поради поразите продолжуваат да се натпреваруваат во 2025 година во Третата Европска група.

Вкупно шест репрезентации ќе играат во Скопје, а системот е таков што играат секој против секого. Се играат два сингл меча, па потоа и мечот во двојки. Тоа значи дека ќе се играат пет кола по три меча или вкупно 15 дуели. Во сингл мечевите играат прво второрангираните тенисери, потоа прворангираните во репрезентациите. Конечната листа на играчи ќе биде позната понеделник ден пред почетокот на мечевите.

Македонија низ историјата има одиграно мечеви против сите репрезентации кои се во Скопје. Најмногу мечеви имаме одиграно против Молдавија седум, против Црна Гора и Летонија по пет меча, со Ерменија имаме четири дуели, а со Малта три.

ЕРМЕНИЈА (95.место според ранг листа на Дејвис куп): скор во меѓусебни дуели 3-1 за Македонија, првиот меч одигран во 2000 година пораз од 1:2, а последниот меч одигран 2016 година 3:0 за Македонија.

ЛЕТОНИЈА (ЛАТВИЈА 67.место според ранг листа на Дејвис куп): скор во меѓусебни дуели 4-1 за Летонија (Латвија), последен меч пораз 0:3. Против оваа репрезентација имаме одиграно и три меча во рамки на Втората Евроафриканска група. Првиот дуел одигран 1996 година во Скопје пораз 2:3.

МАЛТА (87.место според ранг листа на Дејвис куп): скор во меѓусебни мечеви 3:0 за Македонија, последен меч 2:1 за Македонија на Кипар 2023 година, а првиот меч одигран 2014 година 3:0 за Македонија.

МОЛДАВИЈА (82.место според ранг листа на Дејвис куп): скор во меѓусебни дуели 4:3 за Македонија, последен меч пораз 3:0 во 2023 година на Кипар, а првиот меч победа на Македонија 2:1 во 1998 година во Скопје.

ЦРНА ГОРА (92.место според ранг листа на Дејвис куп): скор меѓусебни дуели 3:2 за Македонија, последен меч пораз 3:0 лани во Црна Гора, а првиот меч одигран 2012 година победа од 2:0 за Македонија.

МАКЕДОНИЈА (81.место според ранг листа на Дејвис куп).

За Македонија ќе настапат Калин Ивановски, Берк Бугариќ, Амар Хусеиновиќ и Кристијан Јанев со тоа што листата може да се надополни во текот на утрешниот ден.

Македонија е по четврти пат домаќин – организатор на мечеви од Дејвис купот: 1998 година, 2011 година и 2021 година.

Мечевите ќе се играат од вторник до сабота, а трите првопласирани ќе се пласираат во Втората Светска група за 2026 година, додека двете последнопласирани ќе испаднат во Четвртата Европска група.

Почетокот на мечевите секој ден е во 10:30 часот и ќе се играат на три терени.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons