Македонија со 15 репрезентативци на Европското првенство во карате во Ереван
На 29 март и 5 април се одржаа Државното првенство во карате како и Плеј оф натпреварот за сениори. На истите беа пријавени 92 спортисти со вкупно 86 пријави.
Победниците од ова првенство согласно Правилникот за избор на финансирање и наградување на државните репрезентативци селекции на Карате федерацијата на РС Македонија се пласираа за учество на Европското првенство за сениори што ќе се одржи од од 7 до 11 мај во Ереван, Ерменија.
Составот на репрезентативци за ова Европско првенство е следна:
Владанка Аврамова, женски (ката)
Михаела Мишовска, женски (кумите) -50 кг
Симона Заборска, женски (кумите) -55 кг
Вероника Костовска женски (кумите) -61 кг
Ангела Мојсовска женски (кумите) -68 кг
Ердона Зибери женски (кумите) +68 кг
Фахик Весели машки (кумите) -60 кг
Матеј Белистојаноски машки (кумите) -67 кг
Мурсел Мисини машки (кумите) -75 кг
Петар Спасеновски машки (кумите) -84 кг
Стефан Стојановиќ машки (кумите) +84 кг
Данка Стојкова ката тим ж
Тамара Ристовска ката тим ж
Данило Божовиќ кумите тим м
Викторија Јовановска кумите тим ж
Делегација на ова Европско првенство:
Бесник Мурати шеф на делегација
Александар Кузмановски селектор за кумите
Стојан Андриевски селектор за кати
Петар Белистојаноски помошник селектор за кумите
Климентина Војдиновска судија