Спорт

Македонија промаши пенал за победа во последните секунди, реми со Алжир 

Ракометната репрезентација на Македонија пропушти голема шанса да го совлада домаќинот Алжир, мечот заврши 24-24, а ние имавме пенал во последните секунди но Џонов не го реализираше. 

По убедливата победа над Грција, малку фалеше македонските ракометари да дојдат до триумф и над Алжир, за жал шансата која ја имавме пред самиот крај, ја пропуштивме. 

Натпреварот беше неизвесен во целиот тек, но и двете репрезентации имаа свои периоди. Првото полувреме заврши 15-15. Во вториот дел Алжирците отворија со 3-0 и поведоа со 18-15, но потоа застанаа.

Македонија за некое време дојде до водство од три разлика 22-19. Репрезентациите продолжија да си ги менуваат периодите, па Алжир со серија од 5-0, дојде до предност од 24-22.

Следуваа два гола на Македонија и напад за победа. На секунди до крајот имавме пенал, но Џонов не го реализираше и мечот заврши 24-24. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons