МагазинНајново

Македонија под влијание на топол бран од Африка, температури до 38 степени! 

Продолжува периодот на суша  и на стабилно и суво, како и сончево време во нашата Република Македонија со појава на мала до умерена локална облачност. Повремено ќе засилува  и ветерот од северен правец. Во периодот од понеделник (14 јули па до петок 18 јули) ќе бидеме под топол бран од југ, односно од Африка, и истиот ќе биде по умерен за разлика од изминатиот прв топол бран кој ја зафати нашата Македонија  и донесе многу високи температури на воздухот над 40 степени.

Во текот на оваа работна недела, додека трае по умерениот топол бран од Африка, максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 38 степени, додека во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 37/38 степени. И во Скопскиот регион повремено ќе засилува ветерот од северен правец.

Ув индексот во текот на оваа работна недела ќе има висока до многу висока вредност  и ќе изнесува 9.

Барем одсега гледано, во најава немам никаков поголем влажен бран кој би ја прекинал оваа голема суша што ја зафати нашата Македонија, што значи дека некои пообилни врнежи засега нема на повидок, освен утре (вторник 15 јули како и во петок 18 јули) кога во попладневните часови ќе има услови за појава на локален краткотраен дожд и грмежи, особено во планинските предели.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons