НајновоСпорт

Македонија по 20 години се пласира во втората дивизија од Дејвис Купот 

Македонската тениска репрезентација денеска загуби од Летонија со 2-1, но овој пораз не значеше ништо бидејќи Македонија се пласираше во Втората светска група каде не била веќе 20 години.

Дуелот меѓу Македонија и Летонија почна со пораз на Јанев од Неиманис со 2-0. Летонецот ги доби сетовите со 6-3 и 6-3.

Веднаш потоа Ивановски возврати откако со 6-3 и 6-4 го победи Загарас и израмни на 1-1 во партии против Летонија.

Дуелот во двојки решаваше за победникот а во него Озолинс и Стромбах беа подобри од Ивановски и Мицов со 6-4 и 6-4.

Од турнирот кој се играше во Скопје, Летонија, Црна Гора и Македонија се пласираа во ранг погоре во Дејвис Купот. Тоа беше и целта на нашата репрезентација во ова натпреварување.


Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons