Спорт

Лина Ѓорческа експресно до полуфиналето во Куршумлијска Бања 

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа со само три загубени гема ја совлада Русинката Ксенија Зајцева и се пласираше меѓу четирите најдобри на турнирот во Куршумлијска Бања, Србија.

Ѓорческа во првиот сет загуби само еден гем, во вториот противничката доби само два, резултатот беше 6-1 и 6-2 за нашата тенисерка.

Лина во полуфиналето ќе игра со победничката од дуелот меѓу Астахова од Русија и Куламбајева од Казахстан која е четврта носителка на турнирот.

Македонската тенисерка е седма носителка.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons