МакедонијаНајновоПолитика

Лефков: СДС е причина за корумпираните судии и обвинители, потребни се коренити промени 

СДС е причина за корумпираните судии и обвинители, потребни се коренити промени.

СДС го уништи правосудството. 2% доверба на народот во судиите и обвинителите е резултат на притисокот на СДС врз овие институции и односот додека беа на власт.

СДС го наполни правосудниот систем со свои послушници.

Доволно е да се погледне примерот со поранешниот Врховен судија Наќе Георгиев и заменик претседателот на Совет на јавни обвинители Иџет Мемети за да се сфати колку е корумпиран тој систем од СДС.

СДС се бори за корумпираните судии и обвинители затоа што тие го спасија Венко Филипче да не одговара за изгорената модуларна болница во Тетово.

СДС се бори за корумпираните судии и обвинители, бидејќи тие ги опструираат случаите за криминал на нивни функционери.

СДС сега го брани тој систем и се става во одбрана на судиите и обвинителите, затоа што истите им се гаранција дека ќе можат да бегаат од правдата.

Ова сценарио на СДС нема да успее. Одговорност ќе има.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons