МакедонијаНајновоПолитика

Лефков: Додека Филипче плови на јахтата на Заев, СДС молчи – Каде се да дадат коментар, да кажат од каде парите и како се спечалени?

Почитувани,

Додека Филипче плови на јахтата на Заев, СДС молчи –  Каде се да дадат коментар, да кажат од каде парите и како се спечалени?

Како Заев стигна до јахта од 850.000 евра? Како е платена и со кои пари, тоа се прашања на кои и СДС и Филипче мора да дадат одговор.

Филипче не може да бега од одговори, тој е должен да одговори од повеќе причини, а една од нив е и тоа што  Заев и Филипче имаат фирми на истата адреса во Бугарија.

Втората причина е тоа што браќата на Заев и Филипче имаат заедничка фирма за производство на струја. 

Трета е тоа што фирмата на Заеви во Бугарија каде комшија е Филипче се поврзани со тендери во Македонија.

Врските помеѓу Заев и Филипче се безброј, и затоа Филипче мора да даде одговори.

Тоа што ќе продолжи да молчи СДС и Филипче е само знак дека се фатени инфлагранти и не знаат што повеќе да лажат, зошто секој ден тонат од една во друга лага.

Линк од видео материјал:

https://youtu.be/gdJbPaUxEVM

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons