Лебот во Македонија поскапел за 65%, земјава се најде трето место во Европа по раст на цената
Според податоците на Еуростат, цената на лебот во европските земји значително пораснала во последните пет години.
На првото место по поскапување на лебот е Унгарија, каде лебот поскапел за дури 113%.
После нејзе следува Полска со раст од 75%, а на третото место е Македонија каде е забележан раст на лебот од 65%.
Меѓу земјите со најголем раст на цената на лебот е Словачка (62%), Романија (55%), а потоа балтичките земји.
Во соседните земји, во Грција имало поскапување од 33%, Албанија 30%, Косово 45%, Бугарија 54%. Србија има раст на лебот од 39% во последните пет години.
Извор: 24 сата Хрватска