МакедонијаНајново

Лани над 800 сообраќајни несреќи со пешаци, 22 лица го загубија животот

Минатата година во државата се регистрирани над 800 сообраќајни незгоди во кои учествувале пешаци. Од нив, 22 лица го загубиле животот, 191 се здобиле со тешки телесни повреди, а речиси 600 се полесни повреди.

Со цел подигнување на свеста кај сите учесници во сообраќајот, а посебно кај пешаците, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, во соработка со Министерството за внатрешни работи, започна кампања за зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Статистиката покажува дека една од најранливите категории се повозрасните граѓани. Лани, од 22 загинати лица, 15 биле на возраст над 65 години.

Невниманието и претрчувањето преку коловоз се најчестите причини поради кои пешаците се изложени на ризик од повреди.

Превентивно-едукативните активности се реализираат во сите градови во државата, во рамки на Неделата на пешаците. Претходно, покрај активностите за повозрасните, Републичкиот совет реализираше и превентивни акции со цел едукација на најмладите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons