Лазаров го објави поширокиот список за квалификациите – без изненадувања во битката за ЕП 2026
Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, денеска го објави поширокиот список од 35 ракометари кои ќе конкурираат за настап во последните две кола од квалификациите за Европското првенство 2026.
На списокот нема големи изненадувања, се работи за имиња кои веќе беа дел од претходните репрезентативни акции. Од овој поширок состав, Лазаров ќе го избере конечниот ростер со кој Македонија ќе се обиде да избори нов пласман на континенталниот собир.
Првиот дуел од завршницата на квалификациите ќе се игра на 8 мај во Талин против селекцијата на Естонија, додека последниот меч е на 11 мај од 18:00 часот, кога нашата репрезентација ќе ја пречека Литванија во СЦ „Јане Сандански“.
