Ладен бран ја погоди Македонија: Во ова место утрово измерени -8 степени
Утринските температури во голем дел од Македонија беа во минус. Најстудено беше во Берово каде беа измерени -8 степени, а Битола беше на второто место со -5 степени.
Минусни температури имаше и во Демир Капија каде беа измерени -3, во Тетово, Скопје и Гевгелија беа измерени -2, Во Куманово, Штип и Прилеп -1, Крива Паланка, Маврово и Кавадарци беа со нула степени.
Времето преку ден сончево со мала до умерена облачност. Температурите ќе достигнат до 20 степени.