Кузмановски: Расположени сме и мотивирани, пред нас е уште едно големо првенство
Ракометната репрезентација на Македонија ги одработува подготовките за Светското првенство кое ќе се игра на стартот на 2025 година.
Избраниците на Кире Лазаров се подготвуваат во Стара Пазова, а во својата изјава Филип Кузмановски истакна дека мотивот и расположението кај сите во репрезентацијата се на највисоко ниво.
„Расположението и мотивацијата се на највисоко ниво. Пред нас е уште едно големо првенство. Сите знаеме колку беше тешко да дојдеме до него и колку сите напорно работиме за да бидиме дел од овој колектив. Од прв ден почнавме со анализа на нашите противници. Ќе се соочиме со квалитетни репрезентации, мораме да бидеме добро подготвени, и физички и тактички. Ќе имаме доволно време да се спремиме до стартот на првенството. Во следниот период ќе одиграме и контролни натпревари на кои ќе можеме да го пробаме сето она што го подготвуваме за нашата група“, изјави Кузмановски.Првенството Македонија го започнува на 15 јануари против Унгарија од 20:30 часот, потоа следи дуелот со Холандија на 17 од 18:00, па натпреварот со Гвинеја два дена подоцна со кој ја завршуваме првата фаза.