Магазин

Кристијан Диор за жените: Не сте дама ако си ги дозволувате овие работи

Францускиот моден дизајнер Кристијан Диор, кој е роден на денешен ден, е една од најважните личности од светот на модата во 20. век. И покрај тоа што помина многу време од неговата смрт, неговиот моден бренд Диор сè уште важи за синоним за квалитет и добар вкус, пишува „Стил“.

Самиот Кристијан Диор бил позитивен кон жените, но некои ги презирал, бидејќи сметал дека се недораснати и дека не се вистински дами.

Жени со валкана коса

Како и Коко Шанел, и Кристијан Диор верувал дека најлошото нешто што една жена може да го направи е да излезе од дома со валкана коса. Диор верувал дека за жената не може да се каже дека е негувана ако си дозволи да се појавува во јавност со валкана коса. Чистата коса е една од најсилните предности на една жена.

Женственост

Ако жената не е женствена, тогаш таа не може да се смета за дама. Ако ја негира својата женственост и не ја истакнува, тогаш не е жена, смета Диор. Според него, женствено не се само чевлите со потпетици и фустани, туку и однесувањето, манирите, комуникацијата со другите луѓе.

Фото: Profimedia

Чевли

„Вистинскиот доказ за елеганцијата на една дама се наоѓа на нејзините нозе“, изјавил Диор во една прилика. Тој верувал дека женските чевли се неопходен атрибут на женственост. Негуваните жени не можат да излезат од дома со чевли кои не се женствени, а Диор не можел да поднесе патики на женски нозе.

Соодветна облека

Диор верувал дека правилната нега на телото бара и избор на облека што одговара на нашето тело и карактер. Негувана жена е онаа која носи облека која ѝ прилега на нејзината фигура и која умерено ја истакнува, изјавил Диор.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons