Кога ќе ти стане претешко и кога се чувствуваш немоќно…
Кога ќе ти стане претешко, кога се чувствуваш немоќно, кога нема повеќе смисла, кога немаш повеќе сила – ослободи се од товарот.
Кога даваш сѐ од себе, а не ти е возвратено, кога секој следен чекор е чекор поблиску до парадоксот – ослободи се од товарот.
Кога нема иднина во тоа, кога повеќе нема убавина, ниту радост како некогаш – ослободи се од тоа.
Едноставно, ослободи се…
Ништо не може да се прави со сила.
Само можеш да се ослободиш и длабоко да земеш здив.
И продолжуваш.
И кога лошиот период повторно ќе дојде во твојот живот, повторно шепни си ги овие зборови.
Па повторно длабоко воздивни и продолжи понатаму низ животот.
Најдобро што знаеш и умееш…