Македонија

Ковачки: Петков вчера требаше да се извини за злоделата на бугарските фашисти 

Премиерот на Бугарија Кирил Петков испушти прилика и можеше вчера да се извини за македонските жртви нанесени од бугарските фашисти во Втората светска војна, исто како што тоа го направи Вили Брант во Варшава, изјави Драган Ковачки на денешната прес конференција одговарајќи на новинарско прашање како ја коментира посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков вчера во Битола.

Ковачки нагласи дека доколку Петков навистина се залага за европски вредности и добрососедски односи со Македонија, тогаш да отвори македонски културни центри во Благоевград, Сандански и Софија, повикувајќи ги Ковачевски и Османи да не бегаат од јавноста и да се произнесат во однос на ова прашање.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons