Клуб од село со 1.300 жители стана шампион на Шведска и ќе игра Лига на шампиони
Мјалби, тимот кој пред почетокот на сезоната важеше еден од главните кандидати за испаѓање во најдобрата шведска лига, стана шампион на оваа земја и испиша неверојатна приказна.
Клубот од малото рибарско село кое има само 1.300 жители, потврди дека чуда се случуваат. Тие вечерва ја заверија шампионската титула откако славеа на гостински терен кај Гетеборг со 2-0.
Со тоа Мјалби стана најмалиот град во историја на сите топ лиги во Европа кој станал шампион на својата земја.
Приказната добива уште поголема тежина ако се знае дека пред само девет години клубот бил на работ на испаѓање во четвртата лига. Следната година тој ист Мјалби ќе застане мирно за химната на Лигата на шампионите.
Тренерот Андерс Торстенсон, инаку директор во локалното училиште и поранешен воен офицер, го водеше тимот со неверојатна дисциплина и скромност. Главниот скаут е поштар, а повеќето фудбалери се родени во самото село или во неговата околина.
Буџетот на клубот е само една осмина од оној на веќе поранешниот шампион Малме, но тоа не ги спречи хероите од рибарското село да направат спортско чудо и да ја осворат титулата која ќе се прераскажува со години.