Кими Антонели победи и на првата трка на „Мадринг“
Кими Антонели ја запиша втората победа во низа во Формула 1, откако Италијанецот триумфираше на Големата награда на Шпанија, која се возеше на новата патека „Мадринг“ во Мадрид.
Возачот на Мерцедес без поголеми проблеми стигна до првото место во трка со малку претекнувања, а клучна за конечниот расплет беше стратегијата во боксот и среќата при виртуелното возило за безбедност.
Антонели низ целта мина пред Макс Верстапен и Ландо Норис. Шарл Леклер заврши четврти, додека Џорџ Расел го освои петтото место. Во првите десет беа уште Лиам Лосон, Франко Колапинто, Оскар Пјастри, Арвид Линдблад и Нико Хулкенберг.
Без пласман остана Луис Хамилтон, кој се повлече уште во раната фаза од трката поради проблеми со сопирачките.
Антонели со новите 25 бода дополнително ја зголеми предноста на врвот во генералниот пласман и ја продолжи одличната серија по триумфот во Монца минатата недела.



