Магазин

Квалитетниот сон овозможува подолг животен век

Според најновото американско истражување недоволниот сон го скратува повеќе животниот век отколку исхраната, физичката активност и социјалните односи.

Американските научници проценуваат дека околу 16 отсто од светската популација постојано пати од несоница, додека податоците на Националната фондација за квалитет на спиењето покажуваат дека дури 60 отсто од возрасните Американци не спијат доволно. Несоницата се карактеризира со тешкотии при заспивање и имање квалитетен сон, како и со прерано будење, што доведува до замор, чувство на ненаспаност и намалена концентрација, што создава низа здравствени проблеми како: кардиоваскуларни заболувања, дијабетес тип 2, дебелина, депресија, анксиозност, гастроинтестинални нарушувања и деменција.

-Сонот игра главна улога во речиси сите биолошки процеси во телото, но често го потценуваме неговото значење, изјави Ендрју Мекхил, вонреден професор и директор на Лабораторијата за сон, хронобиологија и здравје на сестринството на Универзитетот Oregon Health & Science.

Оваа студија е објавена во научното списание Sleep Advances.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons