МакедонијаНајново

Камион управуван од македонски државјанин се превртел на автопат во Бугарија 

Камион управуван од државјанин на Северна Македонија вечерва се превртел на автопатот „Тракија“ во правец кон Софија.

Сигналот бил примен околу 20.30 часот во регионалната дирекција на МВР во Пазарџик, јави БНТ.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, на местото на настанот се испратени тимови на сообраќајната полиција, противпожарната бригада и екипи на брза помош.

Македонскиот возач е пренесен во болницата во Пазарџик. Засега нема други информации за здравствената состојба на возачот.

Камионот превезувал ѓубриво, кое било расфрлено на коловозот и преземени се мерки за негово расчистување.

Сообраќајот не е во прекин, го регулира сообраќајната полиција. Увидот е во тек.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons