Спорт

Какви херои: Радмила, Катерина и Жикица истрчаа 330км низ Алпите! 

Македонските ултрамаратонци, Радмила Јованова, Катерина Шиповиќ и Жикица Ивановски ја минаа една од најтешките трки во светот „Tor de Geants“ (Трката на џиновите) која се трча низ Алпите во должина од 330 километри.

„Tor des Géants“ е една од најпознатите и најтешките ултрамаратонски трки низ светот. Се одржува во регионот Вал д’Аоста во Италија, во Алпите, покрај границата со Франција и Швајцарија.

Должината на трката е 330 километри, со 26.000 метри висинска разлика. Натпреварувачите имаат времнски лимит да ја завршат за 150 часа (околу 6 и пол дена). Се трча дење и ноќе, а учесниците сами одлучуваат кога и колку ќе одмораат. Патеката минува низ спектакуларни алпски предели, преку повеќе од 30 планински премини високи над 2.000 метри. Трката е комбинација на екстремна издржливост, планинарење и психичка сила.

На овогодинешното издание учество земаа тројца македонски ултрамаратонци и сите ја завршија успешно.

Прв целта ја мина Жикица Ивановски кој 330. километри ги мина за време од 108 часа, 59 минути и 40 секунди и заврши како 126. во светска конкуренција.

Следна беше Катерина Шиповиќ која трката ја мина за 129 часа, 42 минути и 30 секунди. Беше 385. место.

Радмила Јованова 330 километри мина за 141 час, 10 минути и 43 секунди, завршувајќи на 539. место во елитата на ултрамаратонците од целиот свет.

Ова е голем, огромен подвиг за тројцата македонски ултрамаратонци.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons