Актуелно

Казни и забрани по вонредни контроли: Небезбедна храна пронајдена во домовите за стари лица

Четири оператори за храна во домовите за стари лица поради прекршоци од поголем обем ќе треба да платат 1.550 евра, а само од еден оператор поседувал 6 килограми небезбедна храна која е уништена.

Ова е резултатот од 39 вонредни контроли на инспекторите на Агенцијата за храна и ветеринарство спроведена месецов во домови за стари лица во земјава.

Со контролите е утврдено дека само еден од операторите за храна не бил регистриран за што му е изречена времена забрана за работа, глоба и даден е налог за негова регистрација во Агенцијата, додека 4 од контролираните домови за стари лица немале спроведено задолжителен здравствен преглед за вработените лица.

Од Агенцијата наведуваат дека овие вонредни контроли на домовите за стари лица покажуваат драстично подобрување во последните две години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons