МакедонијаНајново

Истрагата за „бомбите“ води кон адреси во Иран и Русија, но и кон луѓе во Македонија 

Истрагата што МВР ја спроведува при секоја дојава за поставена бомба во некој објект последните денови не одведе до адреси од Иран и Русија, а тоа е утврдено со посебни истражни дејства и посебна форензика, повтори денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој додаде дека уплатите на ВПН услугите се со криптовалути што го отежнува пронаоѓањето на испраќачите на заканите. Спасовски рече и дека истрагата води и кон лица во Македонија, за што ќе информира во понапредна фаза од истрагата.

Во изјавата што ја даде по конференцијата на тема „Униформа, оклоп кој значи ранливост – нашата секојдневна борба на два фронта“, во организација на Министерството за труд и социјална политика, министерот Спасовски потсети на новите упатства поврзани со сајбер заканите и нагласи дека состојбите се под контрола и дека безбедноста ќе биде на највисоко ниво и во координација со сите институјции кои се дел од алката на институции одговорни за борба со ваков тип закани.

Министерот посебно нагласи дека е добро што јавната свест на населението е на високо ниво и за тоа им се заблагодари и на медиумите кои, рече, одговорно информираат за заканите за поставени бомби.

Според него, најважно е да се има систем за брз одговор, а виновниците што побрзо да бидат ставени пред лицето на правдата. Спасовски ги повика политичките партии овие состојби да не ги користат за дневни политички поени.

„Доколку имаме каква било реална закана, ќе информираме, а доколку се како досега нереални, ќе се пренесуваат информации изградени до определен степен. Доколкју ја сузбиете ‘сензационалноста’ тогаш еден дел од битката е добиен“, рече Спасовски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons