Свет

Иран ги нападна овие седум држави и се заканува дека наскоро ќе употреби невидено оружје!

Иран објави дека нападнал американски воени објекти во неколку земји од Персискиот Залив и испукал неколку ракети кон Израел. Нападите се случија откако САД и Израел извршија напади врз ирански воени и владини цели во сабота наутро по локално време.

Експлозии одекнуваа низ целиот регион додека системите за воздушна одбрана ги пресретнуваа ракетите. Иран, покрај ракетните напади, користеше и беспилотни летала.

Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) потврди дека целите биле воздухопловната база Ал-Удеид во Катар, воздухопловната база Ал-Салем во Кувајт, воздухопловната база Ал-Дафра во ОАЕ и американската поморска база во Бахреин. Според иранските државни медиуми, целите биле и воздухопловната база Мувафак ал-Салти во Јордан и американската база во северен Ирак.

„Нур њуз“, повврзана со Револуционерната гарда, објави дека Иран лансирал „десетици“ балистички ракети кон Израел. До средината на попладнето, израелските власти потврдија дека биле испукани околу 40 балистички ракети и дека имало полесни повредени.

Неколку ракети беа пресретнати во Обединетите Арапски Емирати, но шрапнели од една убија азиски државјанин во Абу Даби, објави официјалната новинска агенција на ОАЕ. Во Дубаи, пожар избувна во луксузниот хотел „Палм Џумеира“, при што беа повредени четири лица. Канцеларијата за медиуми на Дубаи не разјасни дали пожарот е предизвикан од директен удар или од паѓање на остатоци.

Една ракета погоди американски поморски објект во Бахреин. Подоцна во саботата, ирански дрон, исто така, погоди воен објект во таа земја.

Министерството за одбрана на Катар објави дека сите три бранови ирански ракети насочени кон емиратот биле успешно пресретнати.

Ријад и источната покраина на Саудиска Арабија исто така беа цел на ирански ракети, објави официјалната Саудиска новинска агенција. Кралството ги опиша нападите како „кукавички“, без да даде детали за штетата.

Јордан потврди дека неговата воздушна одбрана пресретнала две балистички ракети.

Кувајт, исто така, објави дека пресретнал ирански ракети над воздухопловна база во емиратот. Подоцна истиот ден, во напад со ирански дрон врз меѓународен аеродром беа повредени неколку лица.

Иран: Наскоро ќе следи употреба на невидено оружје

Иран најавува уште посилен одговор – командантот на Иранската револуционерна гарда, Ебрахим Џабари, изјави дека наскоро ќе следи употреба на невидено оружје, јавува иранската државна телевизија.

Техеран ги нарече нападите неиспровоцирани и нелегални, а одговори со лансирање ракети кон Израел и неколку арапски сојузници на САД, каде што се наоѓаат американски бази.

„По ова следува употреба на невидено оружје“

Иран најавува уште посилен одговор – командантот на Иранската револуционерна гарда, Ебрахим Џабари, изјави дека наскоро ќе следи употреба на невидено оружје, јавува иранската државна телевизија.

Три извори изјавија дека иранскиот министер за одбрана Амир Насирзаде и главниот командант на Револуционерната гарда Мохамед Пакпур се убиени во израелските напади.

Првиот бран удари од операцијата, наречен „Епски бес“ од Пентагон, беше насочен главно кон иранските официјални лица, изјави извор запознаен со ситуацијата. Во меѓувреме, во саботата попладне, беше извршен втор удар насочен кон лансери за ракети во Иран.

Израел и САД го започнаа нападот два дена откако индиректните разговори во Женева, посредувани од Оман, не донесоа напредок во врска со нуклеарната програма на Иран.

c

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons