МакедонијаНајново

Инфлацијата го „изеде“ зголемувањето на платата 

Сојузот на синдикати пресмета дека синдикалната кошница за мај изнесува 49.025 денари за едно четиричлено семејство за да преживее, а тоа значи дека две минимални плати не можат да ги покријат основните трошоци.

Порталот „Пари“ го анализира трендот на животниот стандард преку синдикалната кошница, просечната и минималнат аплата и утврди дека инфлацијата има големо влијание врз куповната моќ, и покрај растот на платите.

Според статистиката, поголема покриеност на кошницата со просечната плата имало и во време на пандемијата на ковид-19.

Просечната плата за март 2023 година изнесува 34.925 денари, додека синдикалната кошница е 49.025 денари и според „Пари“, покриеноста е 71,2 отсто.

Поголема покриеност имало и во изминатите четири години, иако просечната плата била пониска од сегашната, па така во мај 2022 покриеноста изнесувала 84 отсто, колку и една година претходно.

Во мај 2020 синдикалната кошница изнесувала 33.315 денари, додека просечната плата била 26.390 денари, односно 79,2 отсто, а една година претходно покриеноста била 76,4 отсто.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons