Актуелно

Изречени 1.077 сообраќајни казни минатиот викенд, „фатени“ 174 возачи без возачка дозвола 

Изминатиот викенд полицијата во земјава издала вкупно 1.077 платни налози,  од кои дури 174 прекршоци се однесуваат на возачи коишто учествувале во сообраќајот без возачка дозвола, 65 за возачи кои возеле под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, додека пак 172 возачи на мотоцикли се санкционирани за неносење на заштитна кацига.

„Согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата 156 прекршоци во текот на викендот се однесуваат на непочитување на пропишаната брзина на движење, 149 за недозволено паркирање. Санкционирани се 58 лица кои не користеле сигурносен појас, изречени се 24 мерки за користење мобилен телефон при возење, осум санкции за минување на црвено светло, а изречени се и три прекршоци за возачи на електрични тротинети“, се вели во соопштението од МВР.

Исто така, согласно Законот за возила, 49 возила биле отстранети заради тоа што биле нерегистрирани, а седум возила заради техничка неисправност.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons