Израел: Категорично ја одбиваме срамната резолуција на ОН за решение со две држави
Израел денес ја критикуваше како „срамна“ резолуцијата усвоена од Генералното собрание на Обединетите нации за давање нов замав на решението за две држави во израелско-палестинскиот конфликт, сметајќи ја за охрабрување на Хамас да „продолжи со војната“.
„Израел категорично ја отфрла одлуката на Генералното собрание на ОН“, која е „срамна“, објави портпаролот на израелското министерство за надворешни работи, Орен Марморштајн, на социјалната мрежа Икс, обвинувајќи го тоа тело дека е „политички циркус кој нема никаква врска со реалноста“.
„Десетиците членови од усвоената декларација воопшто не го споменуваат едноставниот факт дека Хамас е единствено одговорен за продолжувањето на војната со одбивањето да ги предаде заложниците и да го положи оружјето“, додаде тој. Тој исто така оцени дека „резолуцијата не фаворизира мирно решение, туку напротив го охрабрува Хамас да ја продолжи војната“.