Македонија

„Изиџет“ ќе продолжи да лета од Скопје, од пролет линија до парискиот аеродром „Орли“ 

Нискобуџетната авиокомпанија „Изиџет“, која минатиот месец ги прекина летовите од и кон Скопскиот аеродром, планира да се врати во земјава во летната сезона, но со само една линија – до аеродромот „Орли“ близу Париз. Според францускиот весник „Ле Фигаро“, летовите наскоро би требало да бидат закажани.

„Изиџет“ минатиот месец ги прекина летовите од и кон Женева. Компанијата ќе се соочи со конкуренција на летовите за Париз – „Визер“ одржува линија меѓу Скопје и аеродромот „Буве“, кој е оддалечен 90 километри од центарот на Париз (од „Орли“ има само 20 километри).

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons