МакедонијаНајново

Изградбата на патниот правец Охрид – Кичево тапка во место 

Граѓаните никако да добијат модерен автопат. Децениската изградба на патниот правец Охрид-Кичево тапка во место, охриѓани се скептици дека за брзо време ќе се подобри патната инфраструктура поради како што велат бескрајното одлагање на роковите а стравуваат и од опасноста од сообраќајни несреќи кои постојано се случуваат бидејќи самиот пат е рзичиен а дополнително на ова, сè уште има голем број граѓани кои водат судски спорови со државата во однос на висината на цената за одземеното земјиште.

И туристичките работници во неколку наврати реагираа на бавната изградба велат срамно е за туристите кои доаѓаат во Охрид и Струга да патуваат по неколку часа од аередромот до хотелите каде се сместени.

Хотелиерите  апелираат да  заврши барем сообраќајното решение од аеродромот до влезот на двата туристички центри.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons