Извлечени групите за новото Светско клупско првенство
Вечерва во Мајами беше одржана ждрепката за новото Светско клупско првенство, 32 екипи беа поделни во 8 групи.
ФИФА реши да го менува форматот на Светското клупско првенство, во иднинана турнирот ќе настапуваат 32 екипи, ќе се игра на секои четири години, а првото издание ќе биде летото во 2025.
Вечерва во Мајами se одржа ждрепката и беше одреден изгледот на осумте групи.
Љубителите на фудбалот ќе имаат можност да уживаат во неколку интересни пресметки, Нејмар и Ал Хилал се најдоа во група со Реал Мадрид, Јувентус е во иста група со Манчестер Сити, а ПСЖ се најде во група со Атлетико Мадрид.
Група А: Палмеирас, Порто, Ал Ахли, Интер Мајами
Група Б: ПСЖ, Атлетико Мадрид, Ботафого, Сиетл Саундерс
Група Ц: Баерн Минхен, Оукленд Сити, Бока Јуниорс, Бенфика
Група Д: Фламенго, Есперанс Тунис, Челси, Клуб Леон
Група Е: Ривер Плата, Урава, Монтереј, Интер
Група Ф: Флуминенсе, Борусија Дортмунд, Улсан, Мамелоди
Група Г: Манчестер Сити, Видад, Ал Аин, Јувентус
Група Х: Реал Мадрид, Ал Хилал, Пачука, Салцбург
Светското клупско првенство ќе се игра во текот на летото од 15 јуни до 13 јули во САД, финалето ќе се одржи во Мајами.