МакедонијаНајново

И на вториот изборен круг во недела безбедноста ќе се следи со дронови

На среба која директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев ја остварил со раководството на сите градови каде што ќе се одржи вториот круг од локалните избори. Биле разгледани безбедносните состојби на терен, предизвиците и активностите кои полицијата ќе ги презема во пресрет на изборниот ден.

Според директорот Јанев, обврската на полицијата е јасна – да се обезбеди мирен, безбеден и демократски изборен процес, при што како што се најавува ќе бидат преземени сите неопходни мерки со цел граѓаните слободно да го остварат своето демократско право на глас, без притисоци, страв или закани. На сребата е истакнато и дека нема да постои толеранција за ниту едно незаконско дејствување, а секој обид за нарушување на изборниот процес ќе биде санкциониран со брза, професионална и одлучна полициска реакција.

Како и во првиот изборен круг, полициските службеници ќе бидат соодветно распоредени во близина на избирачките места и на сите потенцијално ризични локации, а безбедносните активности ќе бидат засилени со користење на модерни технички средства, вклучително и воздушно набљудување со дронови, информираа од полицијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons