Зошто јајцата се подобар избор за појадок од житарките
Знаеме дека појадокот е најважниот оброк во денот, но често наутро, додека сме сè уште поспани, тешко е да се одлучиме што да јадеме. Изборот станува уште потежок кога сакаме здрав оброк, а не сме сигурни што е подобро.
Тим експерти од Лос Анџелес спроведоа истражување во кое учествуваа 20 луѓе со прекумерна тежина. Учесниците биле поделени во две групи – едната јадела јајца за појадок, а другата житарки. Двете намирници содржат протеини и се добар избор за појадок.
Сепак, научниците откриле дека јајцата се подобар избор бидејќи чувството на ситост трае многу подолго отколку после житарките. Пред почетокот и на крајот на истражувањето беа измерени вредностите на грелин (хормон кој поттикнува глад) и лептин (хормон кој поттикнува ситост).
Резултатите покажаа дека луѓето кои јаделе јајца за појадок имале пониски нивоа на грелин и повисоки нивоа на лептин подоцна во текот на денот, што значи дека јаделе помалку храна во споредба со групата која јадела житарки.
Истражувачите нагласуваат дека храната што содржи протеини со повисок квалитет ве одржува сити подолго време. Врз основа на добиените резултати, јајцата би можеле да се користат во превенција од дебелина, како и во процесот на намалување на телесната тежина.
Едно големо јајце содржи околу 70 калории, 5 грама протеини, 5 грама масти и 186 милиграми холестерол. Научниците истакнуваат дека варените јајца се најздравата форма бидејќи не содржат дополнителни калории од масло и се побезбедни од сировите јајца поради термичката обработка.