Златко Далиќ станува најплатениот селектор во светот?
Хрватскиот фудбалски тренер, Златко Далиќ би можел да стане најплатениот селектор на сите времиња.
Иако и понатаму е актуелен предводник на репрезентацијата на Хрватска, Далиќ наскоро би можел да го промени националниот тим.
Според последните информации, Далиќ е голема желба на раководството на катарскиот фудбалски сојуз и веќе преговарале со него кон крајот на годината. Тогаш понудата изнесувала пет и шест милиони евра, но не била доволна, иако станува збор за понуда пет или шест пати поголема од неговите сегашни примања во Хрватска.
Неколку месеци подоцна до Далиќ пристигнала нова понуда, Катарците двојно ја зголемиле сумата и понудата изнесувала 12 милиони евра, пренесува хрватскиот портал „24часа“.
Далиќ има важечки договор со Хрватска до 2026 година и завршувањето на Светското првенство.
Со плата од 12 милиони евра Далиќ би бил најплатениот селектор во овој момент и би го симнал Томас Тухел кој на селекторската позиција во Англија заработува 7.7 милиони евра. Претходно на врвот беше Роберто Манчини на клупата на Саудиска Арабија со 22 милиони евра годишно.