Спорт

Зидан конечно му се враќа на фудбалот, ја доби работата која ја посакуваше

Според француските медиуми, Зинедин Зидан постигнал вербален договор со Фудбалската федерација на Франција за да биде селектор на нивната репрезентација по крајот на Светското првенство.

Зидан летоска ќе стане селектор на Франција, тој ќе го наследи Дидие Дешан кој ќе се збогува со селекцијата по Мундијалот.

Популарниот Зизу често се поврзуваше со неколку гиганти ширум Европа, но прв избор му беше кормилото на „триколорите“.

И како што пренесува „Ле Паризиен“, тој конечно кажал ДА и постигнал вербален договор со Фудбалската федерација на Франција.

Соработката ќе се формализира по крајот на Светското првенство во САД, Канада и Мексико.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons