Земјотрес со јачина од околу 4 степени, почувствуван во Македонија
Краток, но силен земјотрес утрово во 04:35 часот е почувствуван во Охрид и регионот.
Краток, но силен земјотрес утрово во 04:35 часот е почувствуван во Охрид и регионот.
Според првичните информации земјотресот бил со магнитуда од 3,8 степени на длабочина од 10 километри, со епицентар на 9 километри североисточно од Охрид.
Покрај во Охрид, земјотресот го почувствуваа и жителите на околните населени места, како и во пограничните места во соседна Албанија.
На социјалната мрежа Youtube беше споделено видео кое е направено во Охрид, а на кое се гледа потресот.
https://x.com/geotechwar/status/1934479031099134193?s=46