Актуелно

Земјотрес со јачина од 3 степени утринава почувствуван во охридско-струшкиот регион

Земјотрес со магнитуда од 3,0 степени според Рихтеровата скала рано утринава е регистриран во југозападниот дел од државата, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Според официјалните податоци, потресот бил евидентиран во 5:36 часот, а епицентарот се наоѓал во сеизмичкото подрачје Пештани–Охрид–Струга.

Од Сеизмолошката опсерваторија информираат дека земјотресот бил почувствуван во Охрид и Струга со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Надлежните ги повикуваат граѓаните кои го почувствувале потресот да помогнат во сеизмолошките анализи со пополнување на прашалникот за почувствуваност, достапен на веб-страницата на Сеизмолошката опсерваторија, или да се јават на бројот 112.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons