Земјотрес пред малку во Скопје
Во Скопје утрово е регистриран земјотрес.
Од Сеизмолошката опсерваторија информираа дека потресот се случил во 10.48 минути, со Рихтерова локална магнитуда од 2,5 степени.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението во градот Скопје и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.