Актуелно

Земјотрес попладнево почувствуван во Македонија 

Денеска во 14:46 часот е регистриран земјотрес на територијата на југоисточна Македонија, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Според телеметриската сеизмолошка мрежа, епицентарот на земјотресот се наоѓа во соседна Грција, на околу 290 километри југоисточно од Скопје. Земјотресот бил со локална Рихтерова магнитуда од 5.2 степени, а во Македонија бил почувствуван со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала (ЕМС).

Од Сеизмолошката опсерваторија информираат дека се работи за еден од неколкуте земјотреси што денеска биле регистрирани со епицентар во Грција.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons