Земјотрес во Мраморното Море, во близина на Истанбул
Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала го погоди Мраморното Море покрај брегот на Силиври, во близина на Истанбул, соопшти денес Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Земјотресот се случил во 14:24 часот по локално време, на длабочина од 12 километри, соопшти EMSC.
Епицентарот се наоѓал 36 километри јужно од Силиври и 47 километри југозападно од населбата Бујукчекмеџе на западната периферија на Истанбул.
Засега нема информации за можни жртви или материјална штета, јавува Танјуг.