Свет

Зеленски: Украина не сака да ѝ отстапи ни педа од својата територија на Русија 


Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави за Си-ен-ен дека Украина не сака да ѝ отстапи ниту една своја територија на Русија.

Зеленски тврди дека отстапувањето украинска територија нема да биде дел од дипломатските мировни преговори.

„Украинците не се подготвени да се откажат од својата земја, да прифатат дека овие територии ѝ припаѓаат на Русија. Ова е наша земја“, рече Зеленски во ексклузивното интервју за Си-ен-ен.

„Ние секогаш зборуваме за тоа и имаме намера да го докажеме тоа“, додаде тој.

Од почетокот на инвазијата на 24 февруари, руските сили ја презедоа контролата врз голем дел од територијата низ јужното крило на Украина над Крим, кој Русија го анектираше во 2014 година, и полека ги потиснуваат украинските сили од двата региони во источна Украина што се под контрола на бунтовниците и кои Русија ги поддржува и ги признава како независни држави.

„Русија ќе ги порази украинските сили во целиот источен регион Донбас и веројатно нема да се повлече од огромниот дел од копното долж јужниот брег на Украина“, изјави за Ројтерс денеска рускиот амбасадор во Лондон.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons