Зголемено ниво на реките Пчиња, Вардар, Треска и Црн Дрим
Зголемено ниво на реките во однос на просекот за декември се бележи денеска на Пчиња кај Катлановска бања, на Вардар кај Јегуновце, Скопје, Велес и Демир Капија, на Треска кај Македонски Брод, на Црн Дрим кај Ложани, како и на Сатеска кај Ботун, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Сепак, не сите водотеци бележат раст. Нивото на Брегалница кај Берово и Штип, Пчиња кај Пелинце и Црна Река кај Новаци се под просечните декемвриски вредности.
Водостоите на Охридското и Препанското и на Дојранското Езеро според денешните мерења се во рамки на просекот.



